“ВИКИЛИКС”: Меркел нудела и притискала за “Република Скопје (Македонија)” – Груевски ОДБИЛ!!!

Македонската влада во 2008 година го одбила притисокот на германската канцеларка Ангела Меркел, и на романската влада да ја прифати од грчка страна понудената формулација „Република Скопје (Македонија)“ , во замена за влез во НАТО на самитот во Букурешт, откриваат документите објавени на Викиликс. 

Во документот на американската администрација од 2008 година се опишува средбата меѓу тогашниот премиер Никола Груевски и поранешната американска амбасадорка во Скопје Џулиен Миловановиќ, кратко откако Грција стави вето на македонското членство во НАТО на самитот во Букурешт. Во документот кој има ознака Доверливо, Миловановиќ истакнува дека на состанокот на 4 април, премиерот Груевски изрази благодарност до владата на САД за силната поддршка за зачленување на Македонија во НАТО и покрај зацементираното инсистирање на Грција да стави вето заради нерешениот спор околу името – објави “РЕПУБЛИКА”

„Тој рече дека покрај неуспешниот обид на германската канцеларка Меркел и сличен потег на владата на Романија да ја убедат владата на Македонија да прифатат грчката формулација за името Република Скопје (Македонија), било задоволство да се гледа како повеќето членки на НАТО вложиле напори да ја убедат Грција да не става вето, пишува во документот.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.