Вечерва во Тетово се случи она што беше веќе видено и во Кичево и во Чаир и во Гостивар. Продолжува разочарувањето кај членовите на СДСМ, кои загрижени се запрашуваат дали е нормално во цела Западна Македонија да немаат свој кандидат за градоначалник?
Тоа беше причина за очајната посетеност на вечерашниот митинг! Кој од срам, кој од револт останаа дома. Се повеќе станува јасно дека единствен избор кој гарантира успех и држење до дадениот збор е доктор ГОРАН МАНОЈЛОВСКИ. Сите се едногласни во пораката дека бр. 13 е спасот за тетовчани од хаосот во кој живеат со оваа градоначалничка.