Едно бебе од Саудиска Арабија имало многу среќа кога се нашло во рацете на едно, благо речено немилосрдна медицинска сестра.
Бебето било донесено во болница поради инфекција, а на видеото кое го шокираше светот се гледа како сестрата го стега за главата, додека нејзината колешка снима и се смее.
Родителите сосема случајно, преку пријатели дознале дека видеото се појавило и на интернет, па ги презеле сите мерки сестрите да бидат казнети. Притоа биле идентификувани тројца од породилиштето во Таиф, а потоа и обвинети.
Таткото на бебето дал изјава за медиумите во која потврдил дека снимката ја открил преку пријател и дека беебто 10 дена престојувало во болницата поради инфекција.