(ВИДЕО) ЦЕЛАТА БЕСМИСЛЕНОСТ НА ВОЈНАТА ВО СФРЈ ВО ЕДНО ВИДЕО: Овде не загина ниту еден офицер, само моите другари !

bahrudin-kaletovic-foto-youtubeprintscreen-1452537738-822033

Во двеминутното интервју кое е снимено на 27 јуни 1991 година на почетокот на војната во Словенија, тогаш 19-годишниот војник на ЈНА Бахрудин Калетович од Тузла, изговори реченица која ја опишува целата бесмисленост на војната и убивањата на просторите на поранешна СФРЈ.

Бахрудин во 1991 година бил војник во Југословенската народна армија (ЈНА), а во Словенија стана еден од симболите на војната.

Во раните утрински часови на 27 јуни лесен артилериски корпус ја преминал словенечката граница кај Метилка, за потоа  да ги нападнат припадниците на територијалната одбрана (ТО) на Словенија.

Новинарот на “Јутела” Ивица Пулјич направил интервју со Бахрудин на линијата на огнот додека лежел во шумата и бил на позиција.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.