Лидија Глори од австралиското село Лејсбил стравува дека ќе ја загуби битката со тревата која и ја “проголтува” куќата.
Станува збор за егзотичното растение наречено “Хилманова паника”, кое полека но сигурно го покрива ова мало место.
Безбројните обиди за уништување на ова растение паднаа во вода, па тревата пораснала толку високо што на некои места е повисока и од Лидија. Со оглед на тоа што е многу сува, ветерот лесно ја дува. Куповите со трева се зголемуваат, а со текот на времето стануваат многу тешки.