(ВИДЕО) Француски новинар: “Муслиманите вршат етничко чистење во Франција, луѓето се протерани од цели квартови”

Новинарот Ерик Земор реагирал на неодамнешното брутално убиство на Еврејката Мариел Кнол која го преживеала Холокаустот за да во 85 година од животот биде убиена од страна на мигрант во Париз. Земор вели дека сигурно е убиена бидејќи беше Еврејка и додава дека сепак анти-семитизмот не е вистинската причина поради која луѓето стануваат жртви.

“Убиваат луѓе затоа што се Французи, затоа што се Евреи, Христијани, затоа што се неверници, како тоа што се вели во муслиманската вера”, вели познатиот новинар.

Земор заклучил дека расте бројот на луѓе кои се не-муслимани и ги напуштаат областите во кои живеат муслимани, па така во тие области муслиманското население е мнозинство.

“Конечниот резултат е да имаме се повеќе и повеќе територии, на кои живее исклучиво муслиманско население, затоа што другите луѓе бегаат поради деликвенцијата и насилството кои цветаат”, додал Земор




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.