(ВИДЕО) Филмско бегство од затвор во Сараево

Снимката од бегството на Амел Сејфовиќ од казнено-поправниот завод „Сараево“ е објавена во емисијата „Мрежа“ на „Федерална телевизија“.

Сејфовиќ на 3 септември го искористил моментот кога бил во посета на затворската амбуланта. Во еден момент Сејфовиќ вперил пиштол во затворскиот чувар и му наредил да ја отвори вратата, а потоа почнал да пука.

Во делот од затворот каде што се случил инцидентот биле тројца чувари.

Вкупно 11 лица се уапсени поради сомнение дека му помогнале на Сејфовиќ при бегството од затворот.

Амел Сејфовиќ бил во затвор поради обвинение за грабеж на Рајфајзен банка во сараевската населба Илиџа на 5 ноември 2015 година кога при престрелка настрадал случаен минувач.

При грабежот на банката, Сејфовиќ и соучесниците ги тепале вработените, па ги натерале да ги отворат сефовите од каде што зеле 300.000 конвертибилини марки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.