(ВИДЕО) ФАВОРИТОТ ЗА ПРЕМИЕР НА ИТАЛИЈА: Матео Салвини тврди дека мигрантите дилаат дрога и најавува затварање на џамиите !

Фаворитот за премиер во Италија, лидерот на партијата “Лига” Матео Салвини, смета дека примањето на мигрантите придонесува за пораст на дрогата и најавува затварање на сите илегални џамии во Италија.

Матео Салвини во интервју за италијанските медиуми изјави дека масовната миграција драстично ја зголемува трговијата со дрога и предизвикува социјални конфликти. Фаворитот за премиер на Италија исто така тврди дека левичарскиот режим на Матео Ренци веројатно сакал да постигне социјален конфликт како би ја прикрил корупцијата и би го привлекол вниманието на јавноста.

“Мигрантите придонесуваат за социјалните конфликти, со порастот на илегалната миграција расте и трговијата со дрога”, вели Салвини и додава дека планира да ги затвори илегалните џамии, исто така и да ги провери финансиските извори со кои џамиите се финансираат.

“Сакаме да знаеме кој и како проповеда во џамиите, Куранот по својата природа е отворен за интерпретација. Според оваа книга зборот на жената е помалку важен за разлика од машкиот збор, а исламскиот закон (шеријат) е над сите други закони. Во тој случај италијанските закони се ограничени со она што го пишува во Куранот”, објаснува Салвини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.