Во утробата на сом тежок 185 килограми пронајдени се човечки коски, а кога е откриено на кого му припаѓаат, сите останале шокирани.
Полските риболовци Алфонс Брзовски и Марек Ждановиќ во реката Одра уловиле сом стар помеѓу 90 и 110 килограми. Овој капиталец бил тежок 185 килограми, но она што е посебно интересно во целата приказна, е што пронашле во неговата утроба.
Всушност, во оваа џиновска риба пронашле човечки коски и значка. После шокантното откритие, риболовците ја повикале полицијата, која за брзо време започнала истрага, со цел да го открие идентитетот на човекот чии коски биле пронајдени во рибата.
Полицијата контактирала биолози и форензичари. Тие утврдиле дека коските му припаѓаат на нацистички офицер од Втората светска војна и дека сомот е стар помеѓу 90 и 110 години.
А/Г/