Редок вид на ајкула е уловен на брегот на португалската покраина Аграва. Овој вид на ајкула е древен предок на денешните ајкули и спаѓа во праисторискиот период во време од пред повеќе од 80 милиони години.
Нејзиното уловување ги зачудило научниците, токму поради тоа што овој вид е еден од најдолго постоечките видови на животни на светот.
Многу малку се знае за овој вид на ајкула. Долга е околу 1,5 метри, има змиско тело, дополнителни шкрги и дури 300 заби.
Prehistoric frilled #shark captured off #Portugal https://t.co/5CTBpEeLYJ via @Strange_Sounds pic.twitter.com/yPIRbk9RYi
— Strange Sounds (@Strange_Sounds) November 11, 2017
Ф.Г.