Ураганот Ирма со огромна брзина се приближува кон Флорида и на Карибските острови. Американецот Бред Фетеролф, кој моментално живее на најсеверниот остров, во живо преку Фејсбук пренесува како моментално изгледа невремето кое ги натера сите луѓе да ја напуштат таа област.
Фетеролф своите пријатели и следбеници на оваа социјална мрежа од минута во минута ги информира каква е ситуацијата таму.
Пред четири часа, кога започнале големите удари, тој напишал дека нема струја и дека силен ветер “удира” во куќите и ги тресе. На неговиот профил може да се види колку е силен ураганот.
Фетеролф на островот се доселил со 20 долари во себе, но со напорна работа успеал да стане сопственик на едно од најпознатите кафулиња, на една од плажите на овој остров. Сега тој стравува дека може да изгуби се во еден момент.
Ф.Г.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.