(ВИДЕО) Тој е човекот кој поседува најмногу оружје на светот: Има повеќе од 4000 пушки, базуки, па дури и тенкови

Мел Бернштајн оправдано го нарекуваат “најнаоружаниот човек во Америка”, меѓутоа по се изгледа за него првото место е резеревирано и на светско ниво. Поради немилите масовни колежи, во американската јавност се води полемика околу достапноста на огненото оружје. Сепак, народот е поделен, а како што обично се случува, јужните држави сметаат дека поседувањето на пушки е дел од националниот идентитет.  Се чини дека прашањето за “разоружување” за Американците е скокотлива тема.

Мел поседува повеќе од 4.000 смртоносни алати: 200 автоматски пушки, минифрлач, базука, фрлач на оган, па дури и неколку тенкови.

Неверојатен е фактот дека се’ што поседува е легално во државата Колорадо!

“Едноставно стануваш зависен од нив, тоа ти влегува во крвта”, вели Мел.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.