Секој родител знае дека заспивањето на бебето некогаш претставува голем предизвик. Секако, од внимателност никогаш доста, бидејќи ако бебето не е во црвст сон, за неколку минути може да се разбуди и да се расплаче.
Токму тие ситуации ја научиле оваа мајка да биде внимателна.
Сепак, нејзиниот сопруг не можел ни да замисли колку е таа креативна во своето шушкање, додека не ги видел снимките од сигурносните камери, кој потоа ги објавил на друштвените мрежи.
До видеото напишал:
-Кога имате камера во домот, најдобрата работа е да ја гледате сопругата додека се искрадува од собата на бебето, откако го заспала. Понекогаш мора да вложите напор за да излезете, иако можеби не сте свесни за тоа.Сега ми се јавуваат и од војска за тaа да ги научи на оваа вештина, напишал таткото на Фејсбук.
Можеби сепак претерува, но еве проценете сами: