Јаков Лончаревиќ се преселил во Австралија во 1979 година, а денес е центар на внимание на австралиските медиуми. Тој веќе 20 години гради атомско засолниште во подрумот на својата куќа.
Неговиот бункер е длабок 4 метри и опремен е со 900 килограми шеќер, 200 килограми ориз и грав, 6.000 литри вода, 120 килограми мед и многу облека.
Како што наведува, за изградбата му биле потребни 2.500 вреќи со бетон, 40 тони рециклиран челик и 20 тони дрва.