Ерик Финман (19) сфатил дека колеџот не е за него.
Финман потекнува од богато семејство, но родителите биле разочарани од неговата одлука, бидејќи верувале дека ќе продолжи по нивниот пат. Меѓутоа, одлучиле да се обложат со синот.
Тој тврдел дека ќе стане милионер до 18 години, а родителите се согласиле доколку успее во тоа да не оди на факултет. Тој во 2013 година за 1000 долари кои ги добил од својата баба за четиринаесеттиот роденден купил биткоини, а денес има речиси 6 милиони долари.
Кога ги купувал овие криптовалути тие вределе околу 12 долари, а денес по 5 години тие вредат премногу.