Проучувајќи ги снимките од Земјината површина, Валентин Дегтјарјов откри необичен објект на Антарктикот за кој тврди дека е НЛО, пренесува рускиот портал “УРА”.
– Случајно најдов нешто неверојатно. На веб-сајтот “Google earth” на координатите 73°13’55.09″ J, 71°57’12.98 Z (островот Еклунд) на Антарктикот, 170 километри од брегот, на карпа се наоѓа брод на вонземјани – изјавил Дегтјарјов, кои исто така тврди дека 600 метри долгиот брод удрил во карпата и засекогаш останал заробен.
Тој смета дека бродот се гледа поради топењето на мразот на Антарктикот.
Ф.Г.