(ВИДЕО) Само 30 секунди ја делеле Земјата од поразлична историја: Дали би постоеле ние доколку ова се случело ?!

Devojka-dinosaurus-620x350

Само 30 секунди ја делеле Земјата од поразлична историја, која веројатно би ја успорила појавата на нови видови, сметајќи ги и хомосапенс, наведуваат историчарите.

Науката тврди дека астероидот е главниот виновник за изумирањето на диносаурусите, а сега тврдат дека доколку удрел 30 секунди порано или покасно би направил помала штета, а огромните жители на планетата би останале живи.

Во новиот документарец на Би-Би-Си, научниците го истражуваат точниот момент на астероидот и неговите последици. Големиот стероид од пред 66 милиони години, ја погодил Земјата во денешниот Мексикански залив и направил кратер широк 180, а длабок 30 километри. Неодамнешните мерења покажуваат карпите околу кратерот се богати со сулфати.  Токму тие се главните виновници за катаклизмата која следувала.

Ударот на астероидот го претворил сулфурот во прав и го ‘лансирал” во атмосферата, што го блокирал сонцето и драстично ја изладил планетата.

Со просечна температура која на голем дел од Земјата била под нула, следувало изумирањето. Дел од диносаурусите кои не умреле од вжештени камења кои паѓале од небото во спротивен правец, од сулфурна пареа, кисели дождови или цунами, умреле од глад бидејќи од ладното време и недостатокот на сончева светлина исчезнал поголем дел од вегетацијата. Преживеале само малите животни, првенствено нашите топлокрвни предци.

Геолозите проценуваат, ако астероидот со пречник од 15 километри и со брзина од 65.000 километри на час – паднел на Земјата неколку секунди порано или покасно, ќе завршел во длабоките води на Тихиот или Атланскиот океан. Тогаш во атмосферата, наместо 100 милјарди тони сулфат, ќе имало само водена пареа. Животните ќе страдале од цунами и по некоја дождовна година, но тоа не би довело до заладувањето кое ги истребило диносаурусите.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.