Аманда Ахола од Финска има мисија да стане „совршена Барбика“. Таа досега потрошила преку 15 илјади фунти, а не е ни блиску до својата зацртана цел.
За операции на носот Ахола има потрошено повеќе од 4 илјади фунти, а секој месец троши значителна сума на пари за ботокс, филтри за усни и слични работи.
– Нема врска што се имам направено досега, бидејќи никогаш нема да ми е доволно. Сакам да изгледам што е можно попластично. Барбиката е речиси совршена, а јас сакам да бидам што е можно поблиску до совршенство. Ништо нема да ме усреќи повеќе од тоа некој да ми каже дека изгледам како Барбика, вели Аманда.
Таа нема финансиска поддршка од родителите, па уште од тинејџерските години работи за да може да си ги дозволи своите желби.
Работела како чистачка во болница, но не можела да го поднесе тоа што не смеела да носи шминка.
– Цел живот се борам со коментарите на околината дека косата ми е предолга, дека премногу се шминкам. Уште од 16 години си ги испланирав моите операции. Имав визија за тоа како сакам да изгледам и нема да се откажам додека не ја остварам, вели Аманда.
Третата козметичка операција ѝ ја платил спонзор кој што го пронашла на интернет, што не му се допаднало на нејзиниот дечко Алексеј.
– Тој спонзор ми понуди да ми исполни каква што сакам желба. Му кажав дека сакам поголеми гради. Ако некој сакам да ми плати операција, а за тоа не бара да имам секс со него, секако дека ќе прифатам, раскажува Аманда и кажува дека токму после таа операција имала компликации и оток на мозокот.
Таа објаснува дека сама го избрала тоа и дека е подговена да се носи со сите последици и дека сега се спрема за нова операција, за бразилско подигнување на задникот.