Торинската покривка се верува дека е дел од платното во кое бил замотан Исус Христос кога бил погребан.
Ова платно има димензии 4,4 џ 1,1 метри и на него се забележува избледен лик на маж со брада и коса поделена на средина. На рачниот зглоб има трага од округла рана настаната со прободување, а прободен му е и градниот кош. Прекривката со векови се чува во катедралата Св.Јован Крстител во Торино, а христијаните веруваат дека на неа се наоѓа ликот на синот Божји Исус Христос.
Платното за прв пат се појавило во јавноста во втората половина од 14 век.
Човекот кој бил замотан во платното бил висок и снажен, а според некои проценки бил висок околу 188 центиметри. Црвените дамки покажуваат многубројни повреди на неговото тело, а форензичарите утврдиле многу занимливости.
Тие утврдиле дека замотаниот човек имал повреди на челото, отечено лице и повреди на нозете.