(ВИДЕО) СЕ ОСТВАРУВА ПРОРОШТВОТО НА БАБА ВАНЃА: Ја предвиде победата на Путин, а еве кој ќе биде “господар на светот”

Многу предвидувања на познатата баба Ванѓа веќе се остварија. Освен земјотреси и други природни катастрофи, таа предвиде и многу политички настани.

Баба Ванѓа наводно го предвидела Брегзитот, терористичкиот напад на 11 септември во Њујорк и Исламската држава.

Таа починала 1996 година на свои 85 години. Нејзините визии се однесуваат на настани кои допрва треба да се случуваат, поточно до 51 век кога според неа ќе биде крајот на светот.

Кога станува збор за 2018 година, таа предвидела неколку настани кои ќе ја одбележат годината. Како што пишува “Бирмингем мејл”, таа предвидела дека Путин и Русија ќе завладеат со светот.

Кога во 1979 година разговарала со писателот Валентин Сидоров таа му рекла: “Се ќе се стопи како мраз, само едно ќе остане недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Ќе има жртви. Никој не може да ја запре Русија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.