(ВИДЕО) Русин тепал жена, а потоа се појавила шампионката во таеквондо – повеќе нема да му падне на памет

Русинката Олга Иванова во 2013 година освоила златен медал на светското првенство во таеквондо во тешка категорија (73+кг) кое се одржало во Мексико.

Истата година шетајќи по улиците на Русија налетала на маж кој се карал со својата жена, ја влечел и туркал.

Олга се приближила за да помогне, а кога мажот тргнал да ја удри таа со еден потег успеала да го собори.

Иако многумина се сомневале дека ова видео не е вистинско, Иванова потврдила дека оваа сцена навистина се одиграла. Таа била наградена и од градоначалникот на градот поради делото кое го сторила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.