Стотина вработени во средното и основното образование, како и вработени во секторот за детска заштита во Прилеп останаа без работа.
Новоназначените директори од актуелната власт не им ги продолжиле договорите, а на нивно место донеле други лица блиски до владејачката партија како што велат, најчесто без положен стручен испит, наспроти нив, иако ги исполнуваат законските услови.
Поради тоа со поддршка на првите луѓе на СОНК денеска се одржа протестен собир пред прилепската општина, а обидот за средба или преговори со градоначалникот изостанаа поради негова презафатеност, беше речено.
Иако новинарските екипи побараа објаснување за оваа состојба, претставниците на Општината рекоа да им се достават прашања и дека одговор ќе добиеме на писмено. Очигледно, тешко им оди составувањето одговор на незгодни прашања.