Ханс Глук (76) тврди дека во шумата Арах во Баварија пронашол богатство оставено од нацистите вредно повеќе од 500 милиони евра.
Точната локација ја открил во 1995 година, кога сопственикот на шумата го повикал да го истражи неговото земјиште. Богатството го откриле со помош на детектор за метал, но сеуште не го ископале.
Всушност, сопственикот на земјата сака да го задржи богатството само за себе и поради тоа не му дал дозвола на Глук за копање.
Меѓутоа, Глук смета дека има право на дел од богатството и вели дека без тоа нема да открие каде точно се наоѓа златото, кое нацистите го конфискувале од Евреите, а кое се проценува на 500 милиони евра.
Глук сега бара од државата и Министерството за финансии да го заштити и да му осигура 10 % од вредноста на ова богатство, ако некој друг го ископа.
Тој во 1995 година гостувал во баварска телевизија каде говорел за своите авантури за лов на богатство со метални детектори.
Еден ден како што вели, му се јавил маж кој тврдел дека има карта, која би можела да го интересира, пишува “Дејли Мејл”.
Kaртата му припаѓала на припадник на СС нацистите, кој завршил во Сибир, а пред тоа мапата му ја дал на војникот Вермахт Вилиј Јанке. Тој со сопругата во 1990 година отишол во шумата да го бара богатството, но не знаел да ја дешифрира картата и не пронашол ништо.
Јанке починал во 1995, а пред смртта картата ја оставил на сопственикот на земјиштето, кој го ангажирал Глук, кој 20 години по неговото земјиште ја барал точната локација.
Treasure hunter discovers £500million Nazi loot in forest BUT landowner BLOCKS dig | The Locus
… pic.twitter.com/KQavVd2WZ7— The Locus (@thelocuspost) July 30, 2017
Со помош на пријателите открил кое е точното место, на кое верува дека е закопано богатството.
Глук се обратил и до еврејските здруженија со надеж дека тие ќе ја притиснат локалната власт да му одобри ископување.
А/Г/