“Вејкхурст парквеј” е автопат кој се наоѓа во Нов Јужен Велс, во близина на Сиднеј.
На овој автопат бришачите сами престануваат да работат, се заклучуваат бравите на автомобилот, радиото се исклучува или неочекувано се зголему звукот. Разни приказни се појавуваат за ова место.
Многу луѓе кои се возеле по овој автопат во текот на годините биле изложени на различни паранормални појави меѓу кои најбизарна е онаа која најчесто се повторува, а тоа е неконтролираното треперење на зеленото светло од семафорот точно во 3 часот по полноќ, секоја вечер.
Луѓето велат дека често на патот се појавувале две жени, една постара и една помлада. Според верувањето, постарата жена е дадилка од Шкотска која умрела тука пред 50 години, додека помладата жена е извесна Кели, која е тука убиена во 1970 години.
Меѓутоа, луѓето тврдат дека Кели знае да биде многу агресивна и да се смести на задното седиште од автомобилот. Ако возачот гласно не и каже да излезе од автомобилот, таа започнувала да му смета се додека не го натера да излези од патот и да настрада.
Ф.Г.