Пијан патник стоеше на метро станицата во Менхетен кога се приближи возот на перонот Б.
Меѓутоа, во еден момент одлучи да скокне под возот. Сите беа преплашени, мислеа дека патникот скока во смрт, бидејќи во тој момент наиде и возот.
“Сите помисливме дека е мртов. Не можам да верувам дека возот не го удри. Изгледаше како да знае што прави, како тоа да го прави секој ден. Во еден момент ја видовме неговата рака под возот како не поздравува”, вели еден од очевидците.