ВИДЕО: Пилот-херој им го спаси животот на 127 луѓе- приземји авион со искршени прозорци на кокпилотот

avion

На социјалните мрежи се појави неверојатна видео снимка на која се гледа како пилот „на слепо“ го приземјува својот тешко оштетен авион.

Пилотот Александар Акопов кој работи за турската компанија Атлас Глобал, награден е со украински „Медал на храброста“, откако приземји видно оштетен патнички авион на аеродромот Ататурк во Истанбул по силната олуја која го погоди градот.

Катастрофата се случила само десет минути по полетувањата на авионот на Атлас Глобал од турскиот аеродорм. Авионот достигнал висина од 1.300 метри, кога градот кој паѓал ги скршил прозорците во кокпилотот и оневозможил пилотот да го гледа спуштањето.

avion-1

Тој со својот херојски подвиг ги спасил животите на 121 патник и шестмина членови на екипажот.

Акопов вели дека со колегите подоцна го славел својот „втор денден“, откако успеа да се избори со леталото при исклучен авто-пилот и град со големина на јајце.

-Летам 30 години. Патниците се живи, сето тоа е нормално. Тоа е нашата професионалност, изјави пилотот.

-Нашиот локатор не го покажуваше невремето, па поради тоа дојде до сето ова. Беше тешко, но главно е дека луѓето се живи, вели Акопов.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.