Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денеска ги посети земјоделците во населеното место Мажучиште и одржа прес-конференција за медиумите
“Почитувани земјоделци, вие од прилепско, но и од цела Македонија!! Сега е се јасно! За вас повеќе нема субвенции! За вас повеќе нема грижа, вие сте понижени и изманипулирани од Зоран Заев!
Ова не го кажува ВМРО-ДПМНЕ, ова ви го кажа дитектно тој и тоа со доза на иронија и потценување за вас! Не бил доволен трудот што вие макотрпно го вложувате секоја година, туку сега покрај трудот и производството требало да ви биде зголемено. Да ве потсетиме како оваа година страдаа производителите на праски, краставици, домати, бостан, како тутунарите беа излажани за повисоки субвенции, а сите останаа со празни џебови!
Не нарекуваа селска Влада, се потсемеваа со тоа, но ние направивме земјоделците да се чувствуваат гордо и достоинствено со ВМРО-ДПМНЕ! За нас тој епитет беше поттик упте повеќе да им се помага на земјоделците!
Со една изјава од 17 секунди, Заев го сруши вашиот труд, вашите планови, вашата пот! Останавте вчудоневидени и разочарани, но од порано ве предупредувавме дека на овој човек не треба да му се верува! Не сте само вие излажани и разочарани, така се чувствуваат и пензионерите, и административците и студентите и средношколците.
Докторите веќе се спремаат да го кренат својот глас и да го бараат ветеното! Ние знаеме дека вие на 15 октомври ќе ги казнете овие лаги!”