(ВИДЕО) ПРИНЦОТ НА РИМ СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ: По 25 сезони се прости од Рома и навивачите на “Олимпико”

francesko-toti-foto-reuters-1495988541-1196997

Капитенот на Рома Франческо Тоти (40) денес го одигра последниот натпревер во својата кариера, на стадионот “Олимпико” против екипата на Џенова.

Емоциите ги совладаа и Тоти и навивачите.

Навивачите со солзи во очите го поздравија “Принцот на Рим” како што го нарекуваа, по 25 сезони кои ги одигра во првиот тим на Рома, единствениот клуб за кој настапувал.

Тоти утакмицата против Џенова ја одигра пред полни трибини на “Олимпико” во Рим, започна како резерва, но влезе во игра во второто полувреме.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.