Сигурно имате слушнато за бегството од Алкатраз во 1962 година, но до ден-денес, тоа и понатаму остана една од најголемите мистерии.
Никој не можел да утврди дали тројцата затвореници се извлекле живи. Браќата Џон и Кларенс Англин и затвореникот Френк Морис 6 месеци смилсувале пеколен план за бегство од најдобро чуваниот затвор.
Никој претходно не успеал да избега од таму.
Меѓутоа, никој нема доказ дека тројцата затвореници го преживеале бегството, а многу луѓе веруваат дека тие се имаат удавено, бидејќи затворот се наоѓа на остров.
Сега се појави рачно напишано писмо кое би можело да ја реши мистеријата. Како што наведуваат американските медиуми, откако се појавило писмото, ФБИ повторно ја започнале истрагата.
“Моето име е Џон Англин. Избегав од Алкатраз во 1962 година со мојот брат Кларенс и со Френк Морис. Имам 83 години и сум во лоша состојба, имам рак. Да, успеавме, но едвај”, пишувало во писмото.
Овој документ претствува неверојатен пресврт на случајот кој го окупираше вниманието на светот.
Затворениците со месеци копале тунел. Своите кревети ги исполниле со перници, за да ги измамат чуварите.
11 јуни бил денот на бегството. Требало да им се придружи и Ален Вест, но не можел да помине низ тунелот, па другите заминале без него.