Денес сите места во светот се достапни, поради напредокот на науката и технологијата. Со вистинска сума пари можете да седнете во авион и да патувате до која дестинација што сакате, за многу кратко време. Меѓутоа, постојат и тајни бази, ексклузивни клубови и уште неколку локации кои се и понатаму забранети за “обичните смртници”.
– Бохемиан Гров
Тоа е боемски клуб на највлијателните луѓе во светот кои се збираат на таа локација еднаш годишно, на период од две недели. Ова место се наоѓа во Калифорнија, но неговата точна локација не е позната. Овде е забрането присуство на жени.
– Змискиот остров
Се наоѓа на брегот на Бразил и на овој остров има околу 4000 најсмртоносни змии на светот. Ризикот да се посети овој остров е толку голем што владата на Бразил им забранила на туристите да го посетуваат ова место.
Отровот на овие змии е толку силен што за многу кратко време го распаѓа човечкото тело.
– Форт Нокс
Се наоѓа во Кентаки, јужно од Луисвил. Оваа база е едно од најсигурните места на планетава, а постојано ја чуваат 30.000 војници. Во Форт Нокс се чуваат златните резерви и други национални богатства на САД.
– Сефот на Спицберген
Се наоѓа на норвешкиот остров Шпицберген. Ова место е направено за да се зачуваат семињата на широк спектар на растенија, за да може одредени видови да се обноват доколку дојде до голема катастрофа.
– Тајните архиви во Ватикан
Апостолската библиотека е основана 1475 година и ги содржи најзначајните збирки на историски текстови кои му се познати на човештвото. Овде се чуваат и списите на Маите кои наводно сведочат за постоење на вонземски живот.
– Собата 39 во Северна Кореја
Тајната организација која често се нарекува и “Биро 39” е основана 1970 година. Целта на оваа организација е да пронајде начин да добие девизи за претседателот на Работничката партија на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
Податоците за оваа организација се ограничени.
Ф.Г.