Кајл Морнингстар ловеше риби со своите пријатели на Флорида минатата недела и во еден момент здогледал огромна темна сенка како се приближува до нивниот брод.
“Заврти три круга околу мојот брод. Беше долга речиси колку целиот брод, сигурно околу 5 метри”, вели тој.
“Погледнав во морето и видов огромна сенка како се приближува до нас”, тој најпрво го фрлил сидрото, а потоа со телефонот ја снимил големата бела ајкула.