(ВИДЕО) ОВОЈ ОСТРОВ БЕШЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА, А СЕГА СИТЕ БЕГААТ ОД НЕГО: Кога ќе ја слушнете приказната за него, ќе сфатите зошто

Италијанскиот остров Гајола е опколен со кристално чиста вода, го красат одличниот поглед, хотелите и винариите. Звучи фантастично, но на островот владее тишина.

Таму никој не живее. Островот се смета за проколнат, бидејќи многу луѓе кои живееле таму во послените 3 века, доживеале страшна судбина.

Островот Гајола или Изола де Гајола се наоѓа на 30 километри од Неапол. Во античко време во него се наоѓал храмот на Венера. Покасно островот служел како артилериско упориште за одбрана на Неаполскиот залив.

Во почетокот на 19 век на островот пристигнал човек кој сите го нарекувале “волшебник”. Во негова чест била изградена голема куќа, која и денес постои.

Куќата имала многу сопственици во својата историја и сите имале несреќна судбина. Сопствениците умирале веднаш по вселувањето во неа.

Се започнало околу 1920 година со Ханс Браун од Швајцарија. По неколку години поминати на островот, Браун е пронајден мртов. Неговото тело било замотано во тепих. Неколку месеци покасно се удавила и неговата сопруга.

Покасно островот бил купен од Германецот Ото Грунбак. Тој бил пронајден мртов во својата вила на брегот на морето. Следната жртва е фармацевтот Морис Ив Сандоза, кој извршил самоубиство во психијатриска установа.

Островот сега е празен, сите се плашат да останат на него. Припаѓа на регионот Кампанија, а властите во близина изградиле подводен парк и целата област е заштитена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.