Рим е една од најголемите светски метрополи и обилува со прекрасни и огромни згради и куќи. Но, едно станче во центарот на градот е вистинска сензација. Имено, иако има само 7 квадрати, мораме да признаеме, изгледа прекрасно.
Се наоѓа во непосредна близина на Пантеон и зградата “Палацо Грациоли”, која за приватни цели ја користи поранешниот италјански премиер Силвио Берлускони.
Просторот од 7 квадрати го купил и реновирал Марко Пиераци, архитект и дизајнер. Тој простор некогаш бил тоалет за домарот на зградата, изградена уште од 1700 година.
Ф.Г.