Пред 20 години на денешен ден, прилепска Победа го имаше своето деби во европските купови на домашен терен. На преполниот градски стадион “Гоце Делчев” тогаш, Победа ја пречека екипата на Одра од Полска, и триумфираше со 2:1, во претквалификациите на тогашниот Куп на УЕФА.
Сепак, овој триумф беше утеха за публиката, бидејќи Победа во првиот дуел од овој двомеч загуби во Полска со 3:0.
Двата погодоци на тој натпревар беа дело на Бразилецот Оливеира.
А/Г/