Руските вљубеници во автомобили со нетрпение го исчекуваат појавувањето на новиот модел на домашниот автомобилски концерн АвтоВАЗ „LADA Niva 4×4 NG“. Како што се најавува, премиерата се очекува веќе наредната година на саемот за автомобили во Бразил, каде би се склопувал кросоверот.
Автомобилот, според пишувањето на медиумите, суштински ќе се разликува од својот претходник како според надворешниот изглед, така и според дизајнот на ентериерот и опциите.
Погледнете од видеоснимката како новиот проект на АвтоВАЗ би можел да изгледа.