Откако денес триумфираа во финалето против Германија на Зимските олимписки игри, руските хокеари, кои настапуваат под олимпиското знаме, во еден глас ја пееја химната на својата држава, додека во позадина свиреше олимписката химна.
Русите поради допинг на двајца спортисти во Пјонг Чанг настапуваат под олимпиското знаме и под името Олимписки тим Русија и немаат право да носат било какво обележје на својата земја.