Густите колумбиски шуми служат како идеална област за криумчарење на дрога. Изминатите 25 години во нив се крие посебно производство, но не станува збор за преработка на дрога, туку за изработка на подморници.
Секако, не станува збор за стари “крнтии” бидејќи нивните подморници го следат развојот на технологијата и чинат цело богатство. Во срцето на џунглата се градат електрични подморници. Тој технолошки напредок на колумбиските криумчари на дрога поминуваше неприметен од полицијата.
Една ваква подморница беше фатена пред неколку години и откриено беше дека ја придвижува електричен мотор кој е многу тивок и кој има 100 батерии.