Дали се работи за џиновска лигна или кит ? Тоа е прашањето кое го поставуваат експертите кои го испитуваат 22 метри долгиот леш на брегот на Хуамала во Индонезија.
Лешот предизвикал големо внимание кај локалните жители, а на социјалните мрежи се разгорува дискусијата за што точно се работи, дали е џиновска лигна или кит.
– Ќе земеме примероци за да ги тестираме во лабораторија и на тој начин ќе утврдиме за што станува збор – изјавил Насрул Латуланит од Канцеларијата за управување со морските крајбрежни ресурси, пренесува “РТ”.
Ф.Г.