(ВИДЕО) Мистериозна смрт на младата руска манекенка во Кина: Убава Влада Џуба била жртва на љубоморна конкурентка

Смртта на руската тинејџерка Влада Џуба (14) после ревија во Кина стана мистерија која треба да се разоткрие.

На почетокот се претпоставувало дека причината за смртта на младата манекенка е исцрпеност после 13-часовниот моден маратон во Шангај. Влада имала потпишано “робовладетелски” договор во Кина, немала доволно одмор, ниту здравствено осигурување.

Според друга теорија девојката имала хроничен менингитис или септихемија, но, според најновите резултати на обдукцијата се верува дека младата Русинка била убиена.

После пренесежувањето на телото во Русија следела уште една обдукција. Лекарите тогаш пронашле траови од “биолошки отров”. Во извештајот од обдукцијата пишува дека девојчето е отруено или намерно, или ја каснал отровен инсект.

Поради овој биолошки отров се кренала паника, бидејќи се сомневало дека младата манекнка е жртва на љубоморна конкуренција. Иако не било пронајдено потеклото на самиот отров, јасно е дека Влада не можело да ја убие само обична инфекција.

Лекарите од кинеската болница во која тинејџерката починала соопштиле дека девојчето имало тешко труење во крвта, оштетени органи, дисфункција на црниот дроб и дека и откажале бубрезите.

Mладата Русинка почина на 27 минатиот месец во болница во Шангај.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.