Секоја година од 1989 до сега, во Шведска се гради хотел од мраз во село кое се наоѓа во Арктичкиот круг. Новиот хотел кој се вика “28-ми Хотел од мраз” е направен и оваа година и изгледа како тука да има ледено кралство.
Хотелот е отворен овој месец во Лапонија, а на гостите им нуди престој во соби и апартмани кои во целост се направени од мраз. Целиот хотел е украсен со уникатни дела на локален уметник.
Овој хотел има и леден бар, сала за конференции и замрзнато игралиште за деца. На конструкцијата на хотелот работеле вкупно 36 уметници од 17 различни земји од целиот свет, пренесува Дејли Меил.
Ф.Г.