Изградбата на најлуксузниот приватен авион на светот “2-DEER” чинела околу 230 милиони долари.
Опремен е со најнова техника, голема спална соба и доволно простор со него да летаат 40 луѓе.
Комерцијалниот “Боинг 787 Дримхајлер” може да пренесува помеѓу 240 и 335 патници, а намената на овој модел е малку поинаква.
При влезот во авионот прво се поминува низ лоби до ходникот од дрво, а потоа се стигнува до главното лоби исполнето со удобни фотељи, на кои може да седат 16 патници.
Главната просторија има две големи маси за оброци, кафе, чај, а помеѓу посадата има и приватен кувар кој е задолжен за храната за време на летот.
После оброкот, време е за опуштање со некој добар филм и приватно кино.
Спалната соба има свое купатило, а цената за изнајмување на овој авион за еден лет изнесува 20.000 долари.
А/Г/