(ВИДЕО) КРВ НА УЛИЦИТЕ НА АТИНА: Протести пред Американската амбасада во Атина – студенти се обидоа да го срушат споменикот на американскиот претседател Труман!

Група поддржувачи на Комунистичката партија се обиде вчера да ја сруши статуата на американскиот претседател Хари Труман во центарот на Атина за време на протестите поради воздушните удари на САД, Франција и Британија во Сирија

Демонстратите се судрија со полицијата која употреби солзавец да ги растера, јави Ројтерс, повикувајќи се на сведоци. Најмалку тројца демонстранти се повредени, додаа британската агенција.

На протестот се собрале неколку стотина поддржувачи на Комунистичката партија. Агенцијата АНА, повикувајќи се на податоци од полицијата, известува дека две лица се приведени, а едно лице е повредено на протестот.

Според наодите на грчката агенција, во протестите учествувале и студенти и ученици кои марширале кон американската амбасад. Судирите избиле кај споменикот на Хари Труман.

 

Во центарот на Атина и во саботата се одржаа протести поради воените удари во Сирија на кои, според наодите на полицијата, се собрале помеѓу 6.000 и 7.000 луѓе. Протестите исто така ги организираше грчката Комунистичка партија.

Демонстратите се собраа на централниот плоштад во Атина Синтагма, а потоа се упатија кон американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувјаќи пароли против САД.

Го запалија и Америкаснкото знаме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.