Голем број на луѓе за заклучување на телефонот користат шаблон наместо ПИН или некоја друга опција. Како причина ја наведуваат поголемата сигурност, меѓутоа тие не знаат дека овој начин на заклучување и не е така сигурен.
Експертите откриваат дека најголемиот проблем е тоа што луѓето се еднакво “креативни” и кај креирањето на шаблон и кај лозинките од типот “1234”.
Тие исто така тврдат дека поголем дел од хакерите можат многу лесно, без поголеми проблеми да ви ги украдат сите податоци. Проучувани се повеќе од 3.000 шаблони кои ги креирале корисниците на Андроид и дури 77% го започнуваат шаблонот од некој агол. Исто така, 44% како стартна позиција го користат левиот горен агол, што дополнително ја олеснува работата на хакерите.
Анализата покажала дека корисниците користат само 5 точки кои ги спојуваат на екранот, што донесува 7.152 комбинации. Ако тој број се зголеми на 8 или 9, бројот на можните комбинации би бил 140.000.
Ф.Г.