На видеото кое следи може да се види Македонскиот народ пред околу сто години на парада во Америка организиран од Македонската патриотска организација (МПО). Македонци со транспаренти, преку кои бараат слобода и независност на Македонија и Македонија на Македонците.
Македонската патриотска организација (МПО) е политичка организација основана во Форт Вејн, САД во 1922 година од емигранти од Егејска Македонија. Првично органзацијата се нарекувала Македонска политичка организација, но го променила името во 1952 година. Од 1927 година започнала да го објавува весникот Македонска трибина.
Македонската патриотска организација е најстарата организација во Северна Америка, која обединува Американци и Канаѓани со корени од Македонија. Гранки на МПО се создавале и во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка.
Ако во тоа време, пред еден цел век, Македонците имале свест за својата посебност, култура, традиција, обичаи и припадност на македонскиот етникум, како посебен етникум во светот, зошто денес се молчи и се остава да се потклекне пред притисоците на надворешниот фактор, и да се склучуваат сомнителни договори, како оној со Бугарија.
Нека ова видео послужи како лекција по историја за новата влада, за премиерот Зоран Заев, кој широко ги отвори вратите за исполнување на бугарските барања и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Македонија и Македонците денес по секоја цена, дури и по цена на непризнавање на македонскиот јазик, малцинство и народ, според бугарските историчари и политичари, се согласува и витка кичма пред нив, а со цел да се склучи некаков договор за чија содржина јавноста не е информирана, и кој би значел некакво “унапредување” на меѓусоседските односи со Бугарија.
Погледнете како македонската дијаспора во САД и Канада пред еден цел век се организирала и барала признавање на македонската држава и нејзина независност.
А/Г/