За време на рушењето на напуштениот силос за жито во Данска се направи голема грешка и објектот падна на погрешната страна, па ја здроби соседната зграда.
Напуштениот силос со висина од околу 53 метри во данскиот град Вордингборг падна врз културниот центар и библиотеката. За среќа, никој не бил повреден во овој инцидент.
Силосот требало да падне на исчистеното подрачје.
За неговото рушење биле искористени 10 килограми експлозив, а подготовките траеле 6 месеци.