(ВИДЕО) Запознајте го човекот кој 60 години живее во железна машина – причината ќе ве растажи

Тој мора да користи “железна машина”, но се соочува со проблем бидејќи компанијата одамна престанала да произведува делови за овие машини

Некои луѓе кои на времето биле заразени од полио вирус, морале да користат тешка машина која е наречена “железна плуќа”, со цел да можат да дишат, пренесува Индепендент.

Иако денес ваквите машини се застарени, некои од луѓето кои го преживеале полио вирусот, сеуште мораат да ги користат, а сега своите искуства ги пренесуваат пред поновите генерации.

Пол Александер од Тексас (72) е еден од тие корисници. Тој мора да ја користи оваа “железна плуќа”, но се соочува со проблем бидејќи компанијата која била задолжена за овие машини повеќе не произведува резервни делови.

“Останавме само нас двајца или тројца. Со оваа машина се дише приближно како нормалниот начин на дишење”, рекол Пол, кој оваа машина ја користи последните 60 години.

Оваа машина им помага на луѓето да дишат, создавајќи внатрешен вакум и вбризгувајќи кислород во нивните бели дробови.

Пол во 1952 година се заразил со полио вирусот. Тогаш имал 6 години и од тогаш речиси секој момент го поминува приклучен на оваа машина. И покрај тоа тој дипломирал на правен факултет и станал адвокат.

Што е полио вирусот?

Полиовирус е многу инфективен и неизлечлив вирус, но може да се спречи со имунизација. Малите деца се најмногу изложени на оваа зараза. Таа го напаѓа нервниот систем и може за неколку часа да го парализира заболениот. Околу 10% од парализираните умираат кога ќе им откаже дишењето и мускулатурата.

Вообичаеното лечење во 40-тите и 50-тите години од минатиот век било месеци поминати во вакви железни машини.

Благодарејќи на анти-полио вакцината, овој вирус е искоренет во западните земји, но и понатаму постои во три земји: Авганистан, Пакистан и Нигерија. Минатата година пријавени биле околу 37 случаеви во овие 3 земји.

Оваа болес во САД била уништена во 1979 година, но епидемијата во 1950-тите предизвикала парализа во 15.000 случаеви.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.