Еден секс шоп во Австралија се нашол на мета на провалник кој бил подготвен да се’ само да грабне секс кукла.
Безбедносните камери во Малбурн го снимиле крадецот со фантомка на главата, кој со помош на клешта за сечење жица и апарат за гаснење пожар провалил во продавницата.
Откако ги деактивирал безбедносните бариери, влегол во продавницата и ја украл секс куклата Дороти вредна 4.500 долари. Мажот е снимен како со лутката под мишка трча кон своето комбе.
А/Г/