Јапонија активираше единица маринци за прв пат по Втора светска војна, а овој потег е во спротивност со уставот на државата.
На церемонијата на островот Кјуши во воената база “Сасебо” активирани биле 1.500 припадници на бригадата за брзо делување, пренесува РТ.
Активирањето на маринците е последна одлука за зајакнување на војската, а основната задача на оваа единица е одбрана на оддалечените острови на југозападот на Јапонија.