Доминиканскиот храм во Мексико од 16 век со децении бил потопен поради изградбата на браната Бенито Јуарез во 1964 година, но неодамна сушите повтоно го открија.
Делови на храмот се видливи секоја година во сушниот период, но оваа година сушата била толку голема што црквата е целосно видлива. Иако тоа му овозможи на фотографите да ја забележат убавината на црквата, за локалните жители тоа е лоша вест, бидејќи сметаат дека тоа е знак дека ќе нема чиста вода за пиење.
Ф.Г.