(ВИДЕО) Добила 400 долари бакшиш: Кога отишла да се заблагодари, се шокирала

konobarica-baksis-napojnica-1492346307-1160421-600x405

Клара Чандара, келнерка од Хаваи, работи во два ресторани. Поради високите трошоци била принудена да го напушти школувањето и да се посвети на работата, се додека еден пар од Австралија не ја изненадил.

“Ме прашаа од каде сум и им реков дека сум тука за школување, но бидејќи западнав во долгови, не можев да го продолжам школувањето, па започнав да работам во два ресторани”, рекла келнерката.

Повеќе не се распрашувале, но многу се изненадила кога на нивната сметка од 200 долари оставиле и бакшиш од 400 долари.

“Помислив “баш великодушно од нив”. Никогаш не сум добила толку бакшиш, морав да им се заблагодарам. Додека разговаравме ми кажаа каде се сместени, па решив да ги пронајдам”, раскажува таа.

konobarica-baksis-napojnica-1492346256-1160423-600x405

Кајли ги пронашла и им однела цвеќе и благодарница, како би им се заблагодарила за љубезноста. Меѓутоа, тогаш следело изненадувањето.

Брачниот пар следниот ден се појавил во ресторанот и и’ понудиле да и помогнат во исплаќањето на школувањето од 10 илјади долари.

Погледнете во видеото:

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.